Македонија

Листа со лекари, активисти, професори: Умејр Мухамеди и Јана Белчева ко-носители на „Независни Заедно“ за Град Скопје

Листа со лекари, активисти, професори: Умејр Мухамеди и Јана Белчева ко-носители на „Независни Заедно“ за Град Скопје

Умејр Мухамеди и Јана Белчева ќе бидат ко-носители на советничката листа „Независни Заедно“ за Град Скопје на претстојните локални избори. Мухамеди соопшти дека нивната комбинација ќе биде „најатрактивната, најкреативната и најдобрата“ во изборната трка, нагласувајќи дека граѓаните тоа ќе имаат можност да го видат во кампањата и во мандатот што следи.

Листата, како што посочи, е составена од универзитетски професори од различни области, инженери, доктори, правници и долгогодишни активисти кои преку граѓанскиот ангажман веќе придонеле за поубаво и пофункционално Скопје.

„Преку нашето кандидирање докажуваме дека не само што будно следиме и објективно критикуваме, туку сме тука и да дадеме предлог-решенија и со конструктивен пристап да поддржиме сè што е во корист на Скопје и скопјани. Скопје има шанса! Шансата е во новите луѓе и во новите идеи кои ќе ги претставиме во претстојниот период,“ напиша Мухамеди во својата објава, споделувајќи фотографија заедно со професорот по право Гордан Калајџиев.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни