Македонија

Лицето кое се заканува на градоначалникот на Арачиново застана пред ТВ21: Ништо не е точно!

Лицето кое се заканува на градоначалникот на Арачиново застана пред ТВ21: Ништо не е точно!

Општина Арачиново од вторник до следната недела нема да ги има на располагање општинските служби за жителите. Причината, како што изјави денеска градоначалникот на оваа општина, Ридван Ибрахими,  е поради безбедносни причини.

Сите овие обвинувања ги негира обвинетиот Брахим Ајвази. Тој во ексклузивна изјава за ТВ21 вели дека имотот не е узурпиран, туку со него стопанисува неговото семејство и семејствата на паднатите борци.

„Тоа не е точно. Друго е узурпацијата, друго кога го имаш под управување. Узурпација е овде за овде. Ова земјиште е земено во 2013 година. Таму има неколку семејства, семејства на паднати борци, војници кои немаат приходи, со таа земја ги издржуваат семејствата и од неа се хранат најмалку 150 луѓе“, вели Брахим Ајвази, поранешен градоначалник на Арачиново.

Тој негира дека му се заканувал на градоначалникот.

„Имало напад, каков напад имало? Ако отидеш лично и бараш документ или му однесеш документ и тој побара полиција и обезбедување? Полицијата со командирот и петмина полицајци кога отишле таму биле сведоци и велат дека немало никаква закана. Беа  административните работници, немаше никаква закана. Има камери!“, додава Ајвази.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни