Министерот за правда, Кренар Лога на ТВ21 истакна една од причините што според него ги принудиле македонските пратеници да гласаат „против“ Законот за амнестија.
Иако одби да оцени зошто и пратениците на СДСМ не го поддржале Законот, Лога посочи дека од коментарите на социјалните мрежи една од причините можеби била „големата горчина на Македонците“.
„Посакувам да го повикате премиерот и да го прашате, бидејќи тоа што се случи е многу болно за семејствата на затворениците. Имаше гнев кај Македонците дека многу Албанци ќе бидат амнестирани и македонските политичари да не гласаат за тоа“, рече Лога.