Лога за изјавата на Силјановска: Ништовна е, или повторување на постапка или Митревски да ја преземе функцијата

Министерот за правда Кренар Лога на својот Фејсбук профил порача дека ништовна е заклетвата на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова,

Според него, треба да се повтори постапката или функцијата да ја преземе претседателот на Собранието, Јован Митревски.

„Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Силјановска. *Или повторување на постапката или функцијата претседател на државата треба да ја преземе Јован Митревски (претседател на собрание), како В.Д“, вели Лога.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното