Македонија

Локализиран пожарот кој избувна денеска во поранешената фабрика „ОХИС”

Локализиран пожарот кој избувна денеска во поранешената фабрика „ОХИС”

Локализиран е пожарот кој избувна денеска во поранешената фабрика „ОХИС”. Таму сѐ уште се екипите на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје и нема информации за горење на какви било опасни материи, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според пријавата преку бројот за итни повици Е-112, како што информира ЦУК, опожарени се оџак и дрвена маса во еден од објектите.

Веднаш откако пожарот ќе биде целосно изгаснат, Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) ќе произлезе со повеќе информации.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни