Пожарот кој избувна во близина на железничка станица и автобуската станица во Скопје, каде гореше запалена сува трева меѓу праговите на железничката пруга. Пожарот е на отворено, зад СУГС „Димитар Влахов“ во Скопје, соопшти Центарот за упрвување со кризи (ЦУК).
– Службите се на терен, Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ), полицијата и жителите од куќите во тој дел, информира ЦУК.
Бригада за противпожарна заштита (БППЗ) денеска интервенирала и поради запалено ѓубре и сува трева на Качанички Пат кај Визбегово.

