Десетици жители денеска почнаа да бегаат од луксузната населба Мезе во близина на сирискиот главен град Дамаск. Мезе се наоѓа на околу 5 километри од претседателската палата на Асад.
„Војската се повлекува“, вели едно лице на видеото, кое не се гледа во кадарот, додавајќи: „Целата армија се повлече“.
Армијата на Асад ги негираше информациите дека владините трупи се повлекуваат од регионот на Дамаск.
Се огласи водачот на бунтовниците
Падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад е „многу блиску“. Тој денеска ги повика своите борци да бидат „милосрдни“ кон цивилите.
„Стигнавте до прагот на Хомс и Дамаск, а соборувањето на криминалниот режим е на врата, па затоа го повторувам мојот совет до вас, браќа мои, да бидете милосрдни, љубезни и нежни кон нашиот народ“, рече лидерот на Хајат Тахрир Ал-Шам (ХТС), Абу Мохамед ал Џолани.
Ал-Џолани, исто така, нагласи дека сите војници на режимот кои пребегнуваат ќе бидат безбедни ако го положат оружјето.
Извор на CNN: Асад никаде го нема во Дамаск
Сирискиот претседател Башар ал Асад никаде го нема во Дамаск, изјави извор за Си-Ен-Ен. Кабинетот на сирискиот претседател денеска соопшти дека Асад не побегнал од главниот град.
Сепак, извор запознаен со ситуацијата изјави за Си-Ен-Ен дека Асад не е на ниту една од локациите во градот каде што вообичаено се наоѓа. Претседателската гарда на Асад повеќе не е распоредена во неговото вообичаено место на живеење, што ги поттикна шпекулациите дека тој можеби побегнал од Дамаск.
Во Дамаск продавниците се затвораат, банкоматите останаа без готовина
Би-Би-Си разговараше со Рима Туркмани, директорка на Програмата за истражување на конфликти во Сирија во Лондонската школа за економија.
JUST NOW: Assad regime soldiers are fleeing the wealthy Mezzeh area of Damascus, the site of the Syrian Presidential Palace. pic.twitter.com/02EKiRO6LN
— Kareem Rifai 🌐 (@KareemRifai) December 7, 2024
Била во контакт со нејзината сестра која е во Дамаск. Таа и кажа дека многу продавници се затвораат, залихите се при крај, а во банкоматите нема готовина.
„Никој не знае што се случува“, вели Туркмани.
Снајперисти на покривите во Дамаск
Братот на сирискиот претседател Башар ал Асад, воен офицер, поставил снајперисти на покривите на зградите во Дамаск, објави Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR).
SOHR со седиште во Лондон вели дека снајперистите под команда на Махер ал-Асад биле облечени во цивилна облека.
#Syria BREAKING: the regime has just lost control of it's first suburb in the city of #Damascus.
Syrians in the Druze neighborhood of Jaramana are rising up against #Assad, toppling a statue of Hafez on the local square. pic.twitter.com/e3nTEAnByr
— Thomas van Linge (@ThomasVLinge) December 7, 2024
Се очекува бунтовниците да стигнат до центарот на главниот град откако претходно денеска освоија неколку предградија.
САД: Режимот може да падне во следните неколку дена
Официјални лица во администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден очекуваат режимот на Башар ал Асад да падне за неколку дена, изјавија пет американски претставници за Си-Ен-Ен.
„Постои се поголем консензус дека ова е се поверојатно сценарио“, рече еден висок американски функционер.
„Веројатно до следниот викенд режимот на Асад ќе изгуби секаква привид на моќ“, рече друг.
Бунтовниците се блиску до затворот, во кој се сместени илјадници противници на режимот
Бунтовниците се блиску до затворот Сајднаја, кој се наоѓа на околу 30 километри северно од Дамаск. Затворот, во кој се сместени илјадници противници на режимот, е предмет на детални извештаи во кои се обвинуваат сириските власти за систематско и тајно убивање затвореници.
Во 2017 година, Амнести интернешенел документира убиства, тортура, насилни исчезнувања во затворот од 2011 година, нарекувајќи ги овие прекршувања „злосторства против човештвото“.