Македонија

Љупчо Пецов – Ѓаволот осуден на две години условно и парична казна од 8.000 евра

Љупчо Пецов – Ѓаволот осуден на две години условно и парична казна од 8.000 евра

Пресудата со која Љупчо Пецов – Ѓаволот е огласен за виновен е правосилна од 21 септември 2026 година, откако ниту една од странките не поднела жалба. Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека пресудата е донесена врз основа на признание на вина на 24 август.

Со пресудата на Пецов му е утврдена казна затвор во траење од две години, која нема да се изврши доколку во рок од пет години не стори ново кривично дело.

Покрај условната затворска казна, на Пецов му е изречена и парична казна од 8.000 евра, како и споредна казна – забрана за вршење дејност како основач или управител на правно лице, односно забрана да управува, раководи или располага со имот на правно лице во траење од 10 години.

Во истиот предмет, на обвинетото правно лице ДУТУД „А.К.А.П.“ ДООЕЛ, кое е во стечај, му е изречена парична казна од еден милион денари.

На правното лице му се изречени и дополнителни забрани – забрана за добивање дозвола, лиценца и концесија утврдени со посебен закон, забрана за учество во постапка за јавен повик и забрана за основање нови правни лица. Сите забрани се изречени во траење од пет години.

При определувањето на казната, судот ја имал предвид и потребата од процесна избалансираност во однос на останатите обвинети во овој комплексен кривично-правен случај. Од Судот посочуваат дека и тие обвинети ја признале вината, ја надоместиле причинетата парична штета и во раздвоените постапки им била изречена алтернативна мерка.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни