Македонија

Лути ривали, но пред се ЛУЃЕ: Комити ќе донираат за член на Чкембари чија куќа изгоре во пожар!

Лути ривали, но пред се ЛУЃЕ: Комити ќе донираат за член на Чкембари чија куќа изгоре во пожар!

Навивачката група Чкембари од Битола преку социјалните мрежи побараа помош од сите добронамерни луѓе за санирање на опожарена куќа на еден нивни член.

„Потребни се донации за санирање на штетите во шо побрз период односно пред да паднат температурите под нулата. Битолчани и Чкембари, да бидиме солидарни со фамилијата во ова тешко време за нив и заедно да му помогниме“, стои во апелот на Чкембари.

Навивачите на Вардар, популарните Комити, не останаа рамнодушни на овој апел, и се одлучија да донираат.

„Групата одлучи целиот приход од гостувањето во Кратово, да го донира на членот на н.г. ,,Чкембари Битола”, кој при пожар го загуби сопствениот дом. Финансиските средства, банкарски ќе бидат префрлени веднаш во понеделник (27.11.2023). СИТЕ ВО КРАТОВО – СЕГА Е ВАЖНО!“, велат тие.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни