Свет

МААЕ ќе испрати инспектори на две локации во Украина

МААЕ ќе испрати инспектори на две локации во Украина

Нуклеарното тело на ОН соопшти дека ќе испрати инспектори да посетат две нуклеарни локации во Украина, откако добиле барање за тоа од властите во Киев.

Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека е „свесна за изјавата дадена од Руската Федерација во врска со наводните активности на две нуклеарни локации во Украина“, се вели во соопштението за печатот. Агенцијата не ги соопшти локациите.

Одлуката уследи по обвинувањата на руските власти во последните денови дека Киев планира да употреби таканаречена „валкана бомба“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни