Полицијата во Магдебург го опколила местото на нападот бидејќи постои сомневање дека во возилото на напаѓачот имало експлозивна направа.
Како што дознава Велт од безбедносните кругови, за нападот е осомничен маж од Саудиска Арабија роден 1974 година. Тој, наводно, го изнајмил возилото користено во нападот, непосредно пред тоа. На совозачкото седиште било пронајдено парче багаж.
Портпаролот на полицијата во Магдебург вечерва изјави дека се уште не е јасно дали нападот го извршил еден напаѓач. Откако ги удрил посетителите, напаѓачот возел „најмалку 400 метри“ околу божиќниот пазар, изјави портпаролот.
Според информациите на Билд, во нападот загинале најмалку 11 лица, а 80 се ранети.
Божиќниот пазар во Ерфурт беше евакуиран како мерка на претпазливост по нападот во Магдебург. Ерфурт е главен град на германската сојузна покраина Тирингија.
Министерот за внатрешни работи на Тирингија изјави дека организаторот на саемот побарал евакуација иако немало индиции за конкретна опасност.