Македонија има најбрз интернет во регионот

Најбрз интернет во регионот има во Македонија, а исто така нашата земја е меѓу најдобрите во овој сегмент во Европа, покажа истражувањето кое го направи Cable.co.uk.

Со брзина на интернет конекциите од 97,9 Mbps, Македонија е пред Словенија, 97,0 Mbps, Србија 60,5 Mbps, Косово 57,3 Mbps, Грција 53,9 Mbps, Црна Гора 49,5 Mbps, Босна и Херцеговина 44,0 Mbps и Бугарија 40,4 Mbps. 

Најбрз интернет во Еропа има на островот Џерси (264 Mbps) лоциран меѓу Велика Британија и Франција, во Лихтенштајн 246,8 Mbps и во Исланд 229,4 Mbps. 

Во Франција брзината на интернетот е 152.5 Mbps, во Холандија 142,5 Mbps, во Шпанија 133,3 Mbps, а во Германија 81,7 Mbps.

Најбавен интерен во Европа имаат Турција 24,8 Mbps, Албанија 25,4 Mbps и Хрватска 25,7 Mbps.