Македонија

Македонија на 18 место во светот по испиено кафе на жител годишно

Македонија на 18 место во светот по испиено кафе на жител годишно

Страницата „World of Statistics“ на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави листа на земји во кои се трошат најмногу килограми кафе по глава на жител годишно, според која Северна Македонија се наоѓа на 18-та место и во неа жителите годишно пијат 3,6 килограми кафе.

Според оваа статистика, на прво место е Финска, каде годишно се пијат дури 9,6 килограми на жител.

Следуваат Норвешка со 7,2 килограми, Холандија со 6,7, Шведска со 6,5 и Словенија со 6,1 килограми.

Во „топ 10“ е и Австрија каде жителите годишно пијат 5,5 килограми, а веднаш зад неа, на седмата позиција е Србија со 5,4 килограми.

Следуваат Данска, Германија и Белгија, со околу 5 килограми испиено кафе годишно на жител.

Од земјите во регионот, Босна и Херцеговина е на 12 место со 4,3 килограми испиено кафе на жител годишно, а Хрватска е три места подолу со 3,8 килограми.

Последното место на оваа листа го зазема Нигерија со 0,03 килограми кафе.

Светскиот просек, инаку, е два килограма кафе по глава на жител годишно.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни