Македонија

Македонија останува без деца: За една деценија 7.000 помалку новороденчиња

Македонија останува без деца: За една деценија 7.000 помалку новороденчиња

Во Македонија лани биле родени 16.061 новороденчиња, што е за над 7.000 деца помалку отколку во 2015 година кога во земјава имало 23.075 новороденчиња.

Новите податоци за наталитетот на Државниот завод за статистика (ДЗС) откриваат дека во изминатава деценија секоја година има континуирано намалување на бројот на новороденчиња и дека падот кулминира минатата година кога е забележан рекордно низок број.

„Бројот на живородените деца во 2024 година е намален за четири проценти во споредба со претходната година“, соопшти ДЗС.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни