Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, од утре времето ќе биде сончево и многу топло, особено во понеделник и вторник.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне 40°C и на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.
Денеска ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер, кој ќе допринесе температурите да бидат во границите на просечните.