Македонија

Македонија слави во Казахстан!

Македонија слави во Казахстан!

Македонската фудбалска репрезентација запиша уште една важна победа во квалификациите за Светското првенство, откако на гостински терен ја совлада селекцијата на Казахстан со минимални 0:1.

Херој на вечерта повторно беше Александар Трајковски, кој во 33. минута маестрално погоди за водство и, како се покажа, конечен резултат.

Со оваа победа, Македонија се искачи на врвот на табелата со 8 бодови од 4 натпревари, оставајќи го Велс (7 бодови) зад себе, барем до крајот на нивниот натпревар со Белгија вечерва.

Иако резултатот беше минимален, домаќините имаа неколку опасни шанси – една греда и една статива во вториот дел ја потврдија дека фудбалската среќа беше на наша страна овој пат.

Ова е 11-ти официјален натпревар без пораз за „рисовите“, кои продолжуваат да газат со самодоверба и одлична форма!

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни