Убави вести ни доаѓаат од Њујорк, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Тој вели дека денеска нашата држава станала нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027 година.
„Поддршката од земјите членки на ОН за овој избор е признание за нашите досегашни придонеси како држава која е посветена на заштитата и промоцијата на човековите права и слободи.
По овој значаен дипломатски успех, нашиот приоритет ќе биде активно учество во работата на Советот, каде што ќе придонесеме за глобалната промоција и подобрување на состојбата со човековите права ширум светот. Ова е во согласност со обврските и заложбите кои ги истакнавме при нашата кандидатура за членство“, напиша Муцунски.