Македонија

Македонија заплени строго забранети анаболични стероиди, спречен меѓународен канал!

Македонија заплени строго забранети анаболични стероиди, спречен меѓународен канал!

Царинската управа спречи меѓународен канал на нелегална трговија со анаболични стероиди чие производство, продажба и употреба е строго забрането со закон.

Директорот на Управата, Бобан Николовски денеска на прес конференција истакна дека запленети се 32 кутии со 192 килограма анаболични стероиди со вредност од 5,5 милиони денари, штетни по здравјето на граѓаните, а до сторителите е поднесена кривична пријава.

„Станува збор за Оxanaboilic и Metanabol за орална употреба, како и Testec, Testen и Sustamix за инјекционална употреба“, рече Николовски.

За случајот, истакна, е добиено признание од Светската антидопинг агенција дека македонската Царина влегла во трага на ланец на нелегална трговија со вакви супстанци што претставува модерен тренд на забранети стимулативни супстанци кои предизвикуваат зависност.

„Со оваа заплена Македонија во моментов е во топ тројката на земји на светско ниво на листата на Светската антидопинг агенција за заплени на забранети супстанци“, подвлече директорот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни