Свет

Македонката по која се трагаше во Германија пронајдена мртва: Уапсен 45-годишен маж по сомнение за убиство!

Македонката по која се трагаше во Германија пронајдена мртва: Уапсен 45-годишен маж по сомнение за убиство!

Македонката Наташа Соврановски (25), која беше пријавена за исчезната на 2 септември во Германија, е пронајдена мртва, објави тамошната полиција.

Од таму се истражува дали се работи за убиство.

Осомничен за убиството е 45-годишен маж кој се наоѓа во притвор.

Тој се сомничи дека извршил убиство од небрежност. Осомничениот лично ја познавал девојката, но не се дадени дополнителни информации за врската.

Телото на 25-годишната Наташа е пронајдено во понеделникот во шумска област во Бад Тејнах-Завелштајн, во близина на Штутгарт. Таа последен пат била видена на 2 септември во Бад Тејнах-Завелштајн и оттогаш ѝ се губи секаква трага.

Тамошната полиција ги повика можните сведоци или сите кои имаат информации во врска со исчезнувањето и смртта на Наташа, да се јават во службите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни