На трката во Швајцарија, нашиот натпреварувач Игор Стефановски Иџе освои високо четврто место во генерален пласман, и тоа во конкуренција на врвни европски возачи со поддршка од професионални тимови.
„Немаме подиум но за мене најголемата победа е ова чувство – да имам ваква поддршка од моите Македонци,“ напиша Стефановски на мрежата Икс.
Овој резултат е силна потврда дека македонските возачи, и покрај скромните услови и недостигот од институционална поддршка, можат да бидат конкурентни на европската сцена.
Освоено 4-то место во генерален пласман од сите возила на оваа трка во Швајцарија🇨🇭🏁Немаме подиум но за мене најголемата победа е ова чувство – да имам ваква поддршка од моите Македонци 🇲🇰❤️🙏 pic.twitter.com/MkV7LqrqZ6
— Igor Stefanovski (@IdzeStefanovski) August 17, 2025