Breaking Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
Македонија

Македонската берза ја стави АЛТА банка на Листата за набљудување

Македонската берза ја стави АЛТА банка на Листата за набљудување

Инвеститорите ќе треба внимателно да ја следат состојбата со АЛТА банка АД Битола, откако Македонската берза ја внесе банката на „Листата за набљудување“. Одлуката доаѓа по решението на Народната банка на Република Северна Македонија за воведување администрација во банката.

Од Македонската берза информираат дека Одборот на директори донел заклучок за внесување на издавачот на оваа листа, согласно член 61-а од Правилата за котација.

„Внесување на друштвото АЛТА банка АД Битола на Листата за набљудување е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што за друштвото НБРСМ има донесено решение со коешто се воведува администрација во АЛТА банка АД Битола“, се наведува во соопштението.

Одлуката за ставање на листата за набљудување не значи автоматско запирање на тргувањето со акциите на банката. Станува збор за механизам преку кој Македонската берза ги известува инвеститорите за околности што можат да бидат важни при донесувањето инвестициски одлуки.

Листата за набљудување, позната и како „watchlist“, им овозможува на инвеститорите на едно место да ги следат одбраните акции и други финансиски инструменти, нивните ценовни промени и пазарни движења.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни