Полицијата во Албанија привела момче и девојка поради кражба во познатиот туристички град Саранда.
„Две лица со македонско државјанство, идентификувани како Давид Шапуриќ и Сандра Нешковска, се приведени од полицијата во Саранда, објави Ора њуз.
Според полицијата, во реонот на овој град на грчка двжавјани и ја украле чантата на грчка државјанка, во која имало два мобилни телефони, очила, парични и други предмети.
– Како резултат на брзото администрирање на пријавата на грчка државјанка, на 17 месецов, полициската станица Саранда овозможи идентификација, откривање и апсење на осомничените сторители на случајот, државјаните Д.Ш.(24) и С. Н.(28) двајцата жители на Северна Македонија, соопшти полицијата.

