Балкан

Македонски камион со 21 тон муниција за Израел стигна во Грција: Пристанишните работници ја блокираа пратката

Македонски камион со 21 тон муниција за Израел стигна во Грција: Пристанишните работници ја блокираа пратката
Десетици членови на грчкиот синдикат на пристанишни работници го блокираа товарењето на контејнери со муниција за Израел во пристаништето Пиреја, како протест против војната во Газа, изјавија денеска за Ројтерс претставници на крајбрежната стража и синдикатот. Контејнерот, кој пристигна во Пиреја, главното пристаниште на Атина и Грција, содржеше 21 тон муниција, според информации од еден синдикалец кој сакаше да остане анонимен. Товарот бил транспортиран со камион од Македонија и требало да биде натоварен на брод под знамето на Маршалските Острови, кој пловел за Израел. Синдикатот на пристанишните работници претходно ги повика своите членови да протестираат и да ја блокираат испораката на оружје и муниција наменети за израелската војна во Газа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни