Македонија

Македонски пара-скијачи за првпат ќе учествуваат на официјални ФИС натпревари

Македонски пара-скијачи за првпат ќе учествуваат на официјални ФИС натпревари

Македонските пара-скијачи Вангел Тркаљанов и Зоран Јовановски во текот на оваа зимска сезона ќе учествуваат на официјалните натпревари чиј организатор е Меѓународната скијачка федерација – ФИС.

За прв пат во историјата на снежните спортови нашата земја ќе има скијачи со попреченост на меѓународни натпреварувања, а нивното учество го обезбеди Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“, со поддршка од Скијачката федерација на Македонија.

-Во текот на минатата недела нашите скијачи Тркаљанов и Јовановски беа на класификациите во Митерсил, Австрија и ќе се натпреваруваат на официјални ФИС трки, согласно календарот на ФИС. Со тоа испишуваме нова историја во соработка со Скијачката федерација на Македонија, која е побогата за уште една категорија македонски спортисти кои ќе ја претставуваат земјата на глобално ниво, истакнуваат од Здружението „Без ограничувања“.

Двајцата пара-скијачи се во одлична форма и ќе учествуваат на натпреварите во слалом, велеслалом и спуст, а бодувањето е исто како и за лицата без попреченост. Единствена разлика е што во зависност од степенот на попреченост, времето се мери со фактор, односно се множи со одреден процент.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни