Македонија

Македонскиот филм „Медена земја“ победник на фестивалот „Санденс“

Со победа во три категории, македонскиот филм „Медена земја“ („Honeyland“), во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, триумфираше во конкуренцијата за документарци од целиот свет на американскиот филмски фестивал „Санденс“ („Sundance“).

Церемонијата се одржа во Парк Сити во Јута, а „Медена земја“ ја доби наградата од жирито за најдобар документарен филм.

На снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена награда за најдобра кинематографија (Special Jury Award for Cinematography).

Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change)

„Медена земја“ беше во официјална конкуренција на престижниот американски фестивал за независни филмови „Санденс“ во категорија со уште 11 други документарци од целиот свет.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни