Македонија

Македонските верски заедници апелираат за мир и почитување на државните симболи

Македонските верски заедници апелираат за мир и почитување на државните симболи

Претставниците од верските заедници, денеска одржаа состанок, после кој порачаа на сите македонски граѓани, да не потклекнуваат на обиди за нарушување на соживотот, и порачаа почитување на државните симболи.

„Бог ни дал да живееме во една заедничка државата, затоа ние Поглаварите на Македонската црква, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската заедница, ги повикуваме сите македонските граѓани да не потклекнуваат кон обидите за нарушување на соживотот, туку да ја почитуваме меѓусебната почит, државните симболи на нашата татковина, и симболите на сите етнички заедници“, стои во соопштението.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни