Ова е тимот од македонската Армија кој е дел од Националната гарда на Вермонт. Се обучуваат за атомска, биолошка и хемиска одбрана.
„Моментално се наоѓаме на терен и учествуваме заедно со одделение од Њујорк во извидување и подигнување на контаминирани примероци“, вели Оливера Томовска.
„Нашите тимови заедно со тимовите единиците од америчката армија, соработуваат заедно, и споделуваат искуство и се интероперабилни. И самата опрема што нашата Армија ја има е приближно иста со опремата што ја америчката војска ја користи“, додаде Генс Дилавери.
Генерал мајор Грегори Најт се сеќава за искуството од Македонија. Вели тоа е највпечатливо во неговата 40 годишна кариера.
„Ако погледнете каде бевме пред 30 години и каде се сега. Просто е неверојатно. Голем број споделени искуства. Станува збор за взамна корист на илјадници војници и воздухопловци од Северна Македонија и Вермонт. Тоа е навистина вистинската придобивка од програмата со која градиме идни лидери. Тоа искуство е непроценливо за нас“, порача Генерал Мајор Георги Најт – Вермонт.
„Веќе креираме процеси и активности во следната декада. Навистина големо и позитивно е чуството да се биде со пријателите и браќа по оружје така што и продолжуваме со ист и зголемен интензитет на вежби и обуки кај нас и во заеднички операции кои ги предвидуваме за наредните 10 години“, додаде Васко Ѓурчиновски.
Во напредокот на армијата лично се увери и министерката за одбрана Славјанка Петровска која е во официјална посета на САД.
„Она што мене особено ме радува се впечатоците кои ги споделуваат припадниците и на македонската армија, но и на американската армија и националната гарда на Вермонт. Заради тоа што не само преу бројните обуки, туку и споделување на искуството меѓусебно, споделување на знаењето и она што е најважно, учеството во заедничко и различни мисии, операции но и се почесто во заеднички вежби покажува навистина дека го оправдуваме тоа што го зборуваме дека е партнерство“, вели Славјанка Петровска.
„Вер“ од француски што значи зелено и „Монт“ што значи планина. Така се добива името Вермонт. Полигонот „Итан Ален“ во Вермонт е полето за обука и домот на Армиската планинска војничка школа, седиштето на борбениот тим на 86-тата пешадиска бригада.
„Ова е Монтпилиер, главниот град на Вермонт. Ова е најмалку населениот главен град на држава во Соединетите држави. Брои малку над 8 илјади жители, но може да се пофали со националната гарда која е најстарата компонента на вооружените сили на САД“, вели репортерот на ТВ21.
