Македонија

Македонско семејство повредено во сообраќајка во Албанија

Македонско семејство повредено во сообраќајка во Албанија

Во денешната сообраќајна незгода во албанскиот град Либражд, кој е во близина на преминот Ќафасан учествувал автомобил со македонски регистарски ознаки.

– Во автомобилот со скопски регистарски таблички се наоѓало четиричлено семејство, при што со полесни повреди се здобиле родителите. Укажана им е лекарска помош во хируршкото одделение во Регионалната болница во Елбасан и се надвор од животна опасност, објавија албанските медиуми.

Несреќата се случила во 12:40 часот кај месноста Мураш, на патниот правец Либражд – Елбасан, кога дошло до директен судар на комби возило и автомобилот.

Несреќата се случила на делница од патот кој се реконструира, каде е поставен семафор за регулирање на движењето. Едно од возилата не го почитувало семафорот, судирајќи се со другото возило. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни