Македонија

Македонци фатени со 60.000 евра на Табановце!

Македонци фатени со 60.000 евра на Табановце!

Мобилен царински тим при контрола на патничко моторно возило на граничниот премин Табановце, на влез во државата, откри вкупно 60.000 евра кај четворица патници – сите македонски државјани.

Според информациите на Царинската управа, кај секој од патниците биле пронајдени парични средства над дозволениот лимит за нецензуриран пренос на готовина преку граница.

Во согласност со Законот за девизно работење, на секој од патниците им се вратени по 10.000 евра – сума која законски може да се носи без да се пријави на царина. Останатите 20.000 евра, кои биле над дозволената граница, се запленети, а против патниците се поведени соодветни постапки.

Од Царинската управа апелираат до сите граѓани да се информираат за законските ограничувања при пренос на готовина и да ја почитуваат обврската за пријавување на суми над 10.000 евра при влез и излез од државата, со цел да избегнат санкции.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни