Македонија

Македонци вратени од аеродром во Германија, еве зошто!

Македонци вратени од аеродром во Германија, еве зошто!

На аеродромот во германскиот град Меминген, тројца македонски државјани биле вратени од полициските контроли.

Едниот од нив е 28-годишен државјанин на Македонија, откако при контролата на влезот било констатирано дека не ги исполнува условите за влез, а во неговиот паричник пронашле и лажна бугрска лична карта. Откако платил казна за поседување на лажни документи, истиот бил вратен кон Скопје.

Вториот државјнанин бил 22-годишен, а при проверката службениците откриле дека имал забрана од Хрватска за влез во Шенген зоната, и не му бил дозволен влез.

Трето лице, 65-годишен престојувал повеќе од дозволеното, и тоа го приметиле властите во аеродромот во Меминген. Службениците му поднеле пријава за нелегален престој, и му било дозволено да се врати во Македонија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни