Македонија

Македонците се враќаат за празниците: За осум часа на „Табановце“ влегле над 26.500 лица

Македонците се враќаат за празниците: За осум часа на „Табановце“ влегле над 26.500 лица

Македонските граѓани започнаа масовно да се враќаат во земјата за да ги поминат празниците со своите најблиски.

Само во текот на изминатите неколку часа, на граничниот премин Табановце влегле повеќе од 26.500 лица, а најголем дел од нив биле македонски државјани, потврди МВР.

„Во периодот од полноќ до 8 часот утринава, на ГП Табановце влегле вкупно 26.623 лица, од кои 19.520 биле македонски граѓани“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Граѓаните кои денеска се враќаат во Македонија велат дека времето на чекање за влез е помеѓу 20 и 30 минути.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни