Францускиот претседател Емануел Макрон на македонски јазик испрати честитка до Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори.
„Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели. Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Силјановска Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за Претседател. Франција останува на страната на Северна Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина“, напиша Макрон на Фејсбук.