Макрон првпат разговараше со британската премиерка Трас

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа првпат телефонски разговараше со новата британска премиерка Лиз Трас, соопшти кабинетот на францускиот претседател.

Француското претседателство соопшти дека Макрон и Трас се договориле за зајакнување на соработката.

Во соопштението се наведува дека двајцата државници се фокусирале на поддршката на Украина и како да се одговори на последиците од конфликтот околу прашањето за безбедноста на храната и цените на енергијата.