Свет

Малиот принц Луис за Елизабета Втора: Барем сега прабаба и прадедо се заедно

Малиот принц Луис за Елизабета Втора: Барем сега прабаба и прадедо се заедно

„Барем сега прабаба и прадедо се заедно“ – вака реагираше 4-годишниот син на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон откако ја дозна веста за смртта на Елизабета Втора.

Ова го сподели Кејт за време на 40-минутната прошетка околу замокот во Виндзор , на која присуствуваа и принцот Хари и Меган Маркл.

Т.н Фантастичната четворка се обедини за прв пат во јавноста по погребот на нивниот дедо, принцот Филип, во април 2021 година.

Во меѓувреме, Британија се подготвува да ја  испрати кралицата Елизабета Втора на последното патување. Се очекува ковчегот на покојниот монарх да ја напушти палатата Балморал за Единбург, а потоа во Лондон подоцна на 11 септември.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни