Македонија

Малолетник и уште пет лица повредени во сообраќајка во Ѓорче

Малолетник и уште пет лица повредени во сообраќајка во Ѓорче

Двајца возачи, двајца сопатници и малолетник повредеи во сообраќајка во Скопје.

На 25.01.2023 во 21.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и станбена улица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, управувано од Б.С.(36) од с.Матка, скопско и патничко возило „мерцедес“,  управувано од Б.Д.(40) од с.Горно Свиларе, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и двајца сопатници од возилото „мерцедес“, М.Д.(73) и малолетник од с.Горно Свиларе, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни