Македонија

Малолетник украл возило од Дебреше, полицијата го пронајде оставено на локален пат!

Малолетник украл возило од Дебреше, полицијата го пронајде оставено на локален пат!

На 20.12.2023, полициски службеници на СВР Тетово – Полициско одделение Галате лишиле од слобода малолетник од гостиварско Дебреше кој на 19-ти овој месец противправно одзел патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, а кое било оставено на локалниот пат што ги поврзува гостиварските села Дебреше и Здуње.

Возилото му било вратено на сопственикот Ф.Џ.(53) од Дебреше, додека по целосно документирање на случајот на малолетникот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни