Македонија

Манолева: Здравствениот Дом Тетово е позитивен пример за вложување и подобрување на условите за пациентите и здравствените работници

Манолева: Здравствениот Дом Тетово е позитивен пример за вложување и подобрување на условите за пациентите и здравствените работници

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева денеска беше во работна посета на Здравствениот дом во Тетово кадешто оствари средба со менаџментот и направи обиколка низ установата.

„Интензивно се работи на подобрување на условите преку реконструкција од донации и со сопствени средства на здравствениот дом. Директорот ме информираше дека во завршна фаза е реновирањето на просториите на претшколска вакцинација, а во тек е реновирање на стоматолошките рендген простории и просториите на школска вакцинација.
Комплетно се реновирани просториите на ургентна стоматологија, како и седум простории за управата. Здравствениот Дом Тетово е позитивен пример за вложување и подобрување на условите за пациентите и здравствените работници.“ – Манолева.

Таа посочи дека со инфраструктурното зајакнување се овозможуваат поквалитетни здравствени услуги за пациентите.

„Со заеднички заложби продолжуваме да го зајакнуваме јавното здравство со опрема, кадар и инфраструктурни проекти. Инвестициите во здравствениот систем се инвестиции во здрави идни генерации“, истакна Манолева.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни