„Можна е нова блокада од Грција, ако новата власт продолжи да не го употребува уставното име“, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ во „Дејли Клик“ на ТВ21.
„Ако нашата Влада продолжи да не го користи уставното име, тогаш Грција ќе направи тема на секој меѓународен собир, и Грција нема да пропушти да го спомене сето тоа како што се случува и во моментов. Можно е на крајот да добиеме и нова блокада од Грција, но јас сум верувам дека тоа нема да се случи“, додаде Маричиќ.