Сопственикот на порталот „ДоказМ“ Марјан Стаменковски после десетина часа поминати на скопската Клиника за кардиологија повторно се вратил во Шутка, откако одбил да се лекува во оваа државна болница, каде требало да биде хоспитализиран, јавува Фокус.
Ваквите информации за „„Фокус“ ги потврдил и директорот на затворот Филип Андов, кој истакнал дека Стаменковски сам си го потпишал отпусното писмо и се вратил во затворот „Скопје“, иако требало да биде задржан на клиника.
„За лекување во приватна болница одлучува судија на претходна постапка. Стаменковски немал доверба во државната болница и си замина од таму и повторно е вратен назад“, истакна Андов.