Марјан Стаменковски синоќа бил пренесен во болница

Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“ кој е во притвор во затворот „Скопје“, ноќеска бил пренесен во болница, јавува Фокус.

„Ноќеска во 3 часот Марјан Стаменковски се пожали на болка во градите. Беше повикана брза помош и од затворот „Скопје“ е пренесен на Клиника за кардиологија, каде по испитувањата е задржан на лекување“ потврди за „Фокус“ директорот на затворот во Шутка, Филип Андонов.

Стаменковски е во притвор повеќе од еден месец. Се гони дека сторил две кривични дела – ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, а потоа и уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, злоупотреба на лични податоци.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното