Македонија

„Марш на ангелите“ во Кочани

„Марш на ангелите“ во Кочани

Денеска, со почеток во 16:05 часот, во Кочани ќе се одржи по осми пат „Маршот за ангелите“ – протестен марш во чест на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Маршот ќе започне од Паркот на револуцијата, а граѓаните ќе се движат по однапред утврдена траса: преку трговскиот центар, Општинската зграда и Полицијата, со финална дестинација пред Судот и Јавното обвинителство.

Семејствата и пријателите на загинатите повторно ќе го кренат гласот, барајќи целосна одговорност за катастрофалниот пожар во кој животите ги загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени – од кои многумина сè уште се соочуваат со последици од трагедијата.

Организаторите упатуваат јавен повик до сите кои веруваат во правдата и се залагаат за одговорност, да им се придружат на маршот. Посебен апел се упатува до семејствата на повредените, со цел заеднички да маршираат во знак на солидарност, поддршка и заедничка борба за вистината.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни