Македонија

Марта Кос: Длабоко сме натажени од трагичниот пожар во Кочани кој однесе животи на премногу млади луѓе

Марта Кос, еврокомесарката за проширување изрази „длабока тага“ поради трагедијата во Кочани и упати сочувство за жртвите.

– Длабоко сме натажени од трагичниот пожар во Кочани, Северна Македонија, кој однесе животи на премногу млади луѓе, наведе Кос во објава на Икс.

Изразувајќи сочувство за загинатите, Кос наведува дека нејзините мисли се „со жртвите, нивните најблиски и целата заедница за време на оваа страшна трагедија!“.

Најмалку 51 лице загина, а над 100 се повредени во пожар што се случи синоќа во дискотека во Кочани.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни