Македонија

Машко е! Се роди првото бебе во 2024 година!

Машко е! Се роди првото бебе во 2024 година!

Првото бебе во 2024 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.00 часот. Породувањето беше извршено по природен пат.

Бебето е од машки пол, тешко е 3760 грама, долго е 52 сантиметар и е родено со Апгар 10/10.

Дежурната екипа на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство на чело со проф. д-р Горан Димитров ја породи 34-годишната родилка Наташа Стефковска од Скопје.

На новороденчето му посакуваме добро здравје и среќно детство.

Во првите 15 минути од Новата Година на ГАК се родија три бебиња.

Им посакуваме среќно и радосно детство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни