Маж избодел три лица во болница во САД

Маж избодел три лица во одделот за итни случаи во болница во Јужна Калифорнија, пренесоа светските агенции.

Состојбата на тројцата повредени е критична. Двајца од нив најверојатно се медицински персонал.

Се вчитува...

Напаѓачот се забарикадирал во болницата додека полицијата се обидувала да го убеди да се предаде. Голем број луѓе се евакуирани од болницата, соопштија властите.

Мажот влегол во болницата Енсино во долината Сан Фернандо непосредно пред 16:00 часот по локално време, според Асошиејтед прес.

Нападот се случи само два дена откако вооружен маж уби четири лица и се самоуби во болница во Тулса, Оклахома.