Македонија

Маж од неготинско нападнат со стаклен предмет во својот дом – побегнал во домот на родителите, но и тие биле нападнати!

Синоќа околу 20 часот во ОВР Неготино, А.М.(27) од село Пепелиште, неготинско, пријавил дека во неговиот дом бил физички нападнат од М.Д.(27) од Пробиштип, М.Д.(30) и М.Д.(48), двајцата од село Пепелиште, при што бил удрен и со стаклен предмет.

Според пријавеното, тој побегнал во домот на неговите родители, каде што дошле лицата и физички ги нападнале неговите родители и неговата баба, а ја оштетиле и влезната врата од куќата.

Од СВР Велес додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни