Лекарите од Итната медицинска помош констатирале смрт кај 58-годишен гостиварец, кој бил пронајден на улицата „Беличица“ во Гостивар. Во моментот на интервенцијата не биле забележани видливи траги на насилство, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полициските информации, на 6 ноември, околу 19:50 часот, Итната медицинска помош од Гостивар пријавила во СВР Тетово дека добила повик за укажување лекарска помош на лице на улицата.
По пристигнувањето на терен, лекар констатирал дека мажот е починат. Полициските службеници утврдиле дека станува збор за М.Ф. (58) од Гостивар.
На местото на настанот бил извршен увид од екипа на ОВР Гостивар и дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар.
По наредба на обвинителот, телото е предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.