Македонија

Мажи од Охрид оделе од куќа во куќа и нуделе пари за глас на локалните избори!

Мажи од Охрид оделе од куќа во куќа и нуделе пари за глас на локалните избори!

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.А.Д.(50) и Ј.С.(44), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори и гласање“ по член 162 од Кривичниот законик.

На 19.10.2025, за време на локалните избори, двајцата се затекнати како со пари и список со лични податоци и адреси на живеење на лица со право на глас од Охрид, се движеле од куќа во куќа и на евидентирани лица со избирачко право, им нуделе и делеле парични средства со намера да придобијат односно да го извршат избирачкото право во корист на кандидатот за градоначалник на една политичка партија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни