Мажот кој се залепи на плоштад со порака за Кочани: Толку ли брзо не заборавивте?

Попладнево вна плоштадот Македонија во Скопје имаше герила акција од момче кое се залепи со самолеплива лента за бандера.

Тој не сакаше ништо да каже за својата постапка пред да дојдат новинарите.

Потоа тој беше симнат од бандерата, а во изјава за медиумите потсети за страшниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани каде загинаа 62 лица, а над 150 беа повредени.

„Толку ли брзо не заборавивте?“, праша тој.

Момчето истакна дека не му е срам што бил залепен, а додаде дека пет негови другари биле меѓу загинатите.

„Не сме арни ние во Кочани, не сме арни. Разбрете не, треба да се направи нешто за тој град, малку да заживее. Работата ќе оди на полошо доколку ништо не се преземе. Мене ми загинаа 5 другари, и некој ме прашува нема ли да ти биде срам што ќе бидеш врзан, јас сум врзан веќе духовно, морам да направам нешто за градот“, вели тој.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното