Македонија

Мечка се прикраде во пекара и „украде“ кутија мафини (ВИДЕО)

Мечка се прикраде во пекара и „украде“ кутија мафини (ВИДЕО)

Мечка се прикраде во пекара и украла 60 мафини во САД. Вработените споделија видео на социјалните мрежи на кое се гледа како биле „нападнати“ од мечка, пренесува Гардијан.

Мечката ги фатила додека истоварувала нова серија печива. Пекарите зедоа совет од Одделот за енергија и заштита на животната средина во Конектикат за да го исплашат ѕверот, но безуспешно.

Кога сфатиле дека мечката не се плаши од силните звуци, морале да побегнат. Во меѓувреме, животното украло кутија во која имало 60 свежо испечени мафини.

Во инцидентот нема повредени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни