Македонија

Меџити: 229 милиони денари за еколошки проекти – повик до општините и граѓанскиот сектор

Меџити: 229 милиони денари за еколошки проекти – повик до општините и граѓанскиот сектор

Министерството за животна средина и просторно планирање го објави Конкурсот за распределба на 229 милиони денари (околу 3,7 милиони евра) за проекти од областа на животната средина за 2025 година. На денешната прес-конференција, министерот Изет Меџити упати апел до општините, граѓанските организации и образовните институции активно да се вклучат во повикот.

„Овој Конкурс е вистинска можност за сите што имаат визија, идеи и капацитет да придонесат кон почиста и поодржлива животна средина“, изјави Меџити.

Најголемиот дел од средствата се наменети за изградба и надградба на водоводни и канализациони системи, а се издвојуваат и фондови за образовни и истражувачки проекти, како и за активности за подигнување на јавната свест.

Средствата ќе се доделуваат транспарентно, врз основа на јасно дефинирани критериуми. Аплицирањето трае три недели, а пријавите се достапни на веб-страницата на Министерството.

Меџити посебно ги охрабри стартапите и технолошките компании да аплицираат со иновативни решенија во еколошката сфера.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни